Унгарија го освои златниот медал на СП во ватерполо во Фукуока. Во супер интересно финале, Унгарците откако беа подобри изведувачи на пеналите од Грците и успеаја да се искачат на тронот во светското ватерполо. Ова значи дека ништо од историја за нашиот јужен сосед кој одигра одлично на овој турнир, но сепак во финалето по голема борба беше поразен и мораше да се задоволи со среброто.
На крајот резултатот беше 14:13 (10:10) за Унгарија, ако се сметаат и пеналите, со оглед на тоа дека победникот беше решен со по изведување на пенал – серијата.
Во битката за бронзата, Шпанија со 9:6 ја победи Србија и го освои третото место на овој турнир.