Серхио Рамос ќе стане ривал на Меси?

206

Поранешниот капитен на Реал Мадрид се очекува во наредните денови да донесе одлука за својата иднина. На почетокот на летото имаше информации дека би можел да се врати во Севиља, но финансиската состојба на клубот не го дозволи тоа, ниту пак навивачите го сакаа.

За него се интересираше и Интер Мајами, а Лос Анџелес подготви понуда за краткорочен договор. Друга опција пред Рамос е Саудиска Арабија, но дефанзивецот нема желба да замине во таа насока.

Останува да видиме дали Рамос ќе стане ривал на Лионел Меси во МЛС-листата.

ПретходноДаниел Дупјачанец останува во Франција!
СледноСкопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година