Во очекување на трансферот на Јошко Гвардиол, Манчестер Сити го продолжува тековните работи. Имено европскиот првак го “блиндираше“ Нејтан Аке со нов договор и тоа до 2027. Ова е награда за дефанзивецот кој имаше и тоа успешна сезона лани.
„Манчестер Сити е најдобриот клуб во светот и Пеп Гвардиола е најдобар менаџер во светот“ ова се првите зборови на Аке откако беше промовиран неговиот нов договор со Манчестер Сити.
Инаку Холанѓанецот за свој матичен клуб го смета Феенорд, после беше член на Челзи, за да во 2020 година од Борнмут се пресели на Етихад.