Управниот одбор на Европските олимписки комитет (ЕОК) ја прифати кандидатурата на МОК, во 2025 година градот Скопје да биде домаќин на 18-то издание на летниот Европски олимписки младински фестивал (ЕОМФ). Претседателот на МОК, Даниел Димевски и градоначалничката Данела Арсовска денес официјално ќе го преземат знамето на ЕОК како симбол за организација на следниот ЕОМФ на затворањето на годинешното издание во Марибор, Словенија каде што ќе биде потпишан и договор за соработка помеѓу ЕОК и МОК за организација на Европските младински игри, Скопје 2025.
Претходно (21 Јули), делегација на ЕОК, го посети МОК кој организираше посета на спортската инфраструктура како и на сместувачките капацитети, но и средби со заменик.
На ЕОМФ Марибор 2023, се натпреваруваат повеќе од 2400 спортисти и околу 1000 официјали, во 11 спортски дисциплини. Првото издание на фестивалот се одржало во Брисел во 1991 година каде што младинци на возраст од 14 до 18 години се натпреварувале на интернационалниот настан. Македонија ќе биде една од 25. европски земји кои биле домаќини на зимски и летни игри и 16-та во која ќе се одржи летното издание.