Во последно време Фабрицио Романо стана исто така многу важна личност во светот на фудбалот. Иако има само 30 години, тој буквално е трансфер-гуру, поточно “КРАЛОТ“ на трансферите. Со своите објави на Твитер, покажува дека е махер кога станува збор за тоа кој играч каде ќе потпише, колкава плата ќе има и слично. Токму затоа Романо има 17 милиони следбеници на својот профил.
Ова го орави веќе 10 години, од својата 18 година. Ретко или никогаш промашува, и секако дека стана новинар бр.1 во светот на фудбалот.
Како што вели самиот во просек по 17 часови дневно “виси“ на својот мобилен. Не го користи само кога спие.
Сега ќе се запрашате, па добро, колку заработува Романо од се ова?
Одговорот е некаде околу 1 милион евра или 80.000 евра месечно, и тоа само од објавите на својот Твитер профил.
Позната е неговата соработка со сите водечки медиуми во светот, посебно во Европа, а познато е дека секојдневно дава информации во врска со трансферите. Најмногу работи, како што вели самиот, во време на зимскиот и летниот преоден рок.