Договорот помеѓу Аталанта и Манчестер Јунајтед околу трансферот на Расмус Хојлунд е пред финализација па слободно може да се каже дека данецот е речиси нов играч на тимот од Олд Трафорд.
Тој одамна се договори за своите лични услови и го прифати петтгодишниот договор со плата од пет милиони евра, но се чекаше спогодбата меѓу двата тима околу одштетата.
Истата според извештаите е околу 70 милиони евра.