Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, во 2026 година би требало да го добие најголемиот договор во историјата на НБА.
Според проценките на еминентни американски новинари, вкупната вредност на тој договор би можела да изнесува над 400 милиони долари, со што би биле срушени сите рекорди во најсилната лига на светот.
Последниот договор што Јокиќ го потпиша со Денвер е на пет години, а ќе заработи 276.122.630 долари.
Оваа сезона Србинот го предводеше Денвер до првата титула во НБА лигата, а беше прогласен и за МВП на финалната серија, која неговиот тим ја доби со 4:1 против Мајами.
Јокиќ нема да игра за Србија на претстојното Светско првенство.