Бугарите им се закануваат на “Шверцери“: Немојте да доаѓате во Софија, посебно не по инцидентите во Скопје!

1188

Во четврток во Софија ќе се одигра реванш средбата меѓу Левски и Шкупи, во рамките на 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Секако дека тој меч со нетрпение се очекува ако се знае што се се случуваше во Скопје, дека имаше бројни инциденти за кои секако дека беа виновни фановите на Левски.

Во пресрет на дуелот во Софија, фановите на Левски преку социјалните мрежи, а истите ги пренесоа тамошните медиуми, бројни закани до “Шверцери“, до фановите на Шкупи да не помислуваат да доаѓаат во Софија:

Ние како навивачи на Левски имаме дефинитивен став за претстојниот реванш во Софија. Навивачите на Шкупи да не доаѓаат. Софија не е место за шетање, посебно не по инцидентите во Скопје. Сепак ако се решат да дојдат, тие нема убаво да си поминат“ се вели во дел од соопштението на фановите на Левски.

ПретходноОва е првиот гол на Миовски по повредата! (ВИДЕО)
СледноДали е готово? Реал со понуда за Мбапе, сумата е 230 милиони евра, ова ќе биде најскапиот трансфер во историјата!