Динамо Загреб на чело со нашиот репрезенаттивен капитен Стефан Ристовски предмалку на гостувањето кај Истра обезбедија победа од убедливи 0:3.
Фаворитот на овој меч без проблеми дојде до водство во првиот дел, навреме зголеми на 0:2, а потоа и ја потврди победата од 0:3.
Ристовски беше заменет во 80.минута, откако трите бода веќе беа во џебот на „Модрите“.