Лазар Самарџиќ заминува во Интер

248

Досегашниот играч на Удинезе, Србинот роден во Германија, Лазар Самарџиќ ќе биде следното засилување за тимот на Интер.

Во Милано летово прават реконструкција на екипата, а Самарџиќ доаѓа како засилување за нападот.

Тоа е 21. годишен офанзивец кој изминатата сезона запиша пет гола и четири асистенции, па секако дека привлече внимание од гигантите пред се во Италија.

Тој ги мина младинските селекции на Германија, а потоа се одлучи да настапува за Србија, каде веќе забележа два настапи за сениорите.

 

ПретходноАталанта го најави засилувањето од Алмериа
СледноДинамо и Ристовски со сигурна победа кај Истра