Ништо од историја за Грците: Унгарија е светски првак во ватерполо…пеналите пресудија во финалето!

138

Унгарија го освои златниот медал на СП во ватерполо во Фукуока. Во супер интересно финале, Унгарците откако беа подобри изведувачи на пеналите од Грците и успеаја да се искачат на тронот во светското ватерполо. Ова значи дека ништо од историја за нашиот јужен сосед кој одигра одлично на овој турнир, но сепак во финалето по голема борба беше поразен и мораше да се задоволи со среброто.

На крајот резултатот беше 14:13 (10:10) за Унгарија, ако се сметаат и пеналите, со оглед на тоа дека победникот беше решен со по изведување на пенал – серијата.

Во битката за бронзата, Шпанија со 9:6 ја победи Србија и го освои третото место на овој турнир.

ПретходноДалас побарал од Дончиќ да ослабе: Џејсон Кид дојде да го „провери“ (ФОТО)
СледноЗоран Даноски се “поврзуваше“ со Шкендија, ама потпиша за Звијезда! (ФОТО)