Макс Верстапен како да не знае за доста, како да е од некоја друга планета. Светскиот првак во Ф1 и денеска, иако стартуваше од шестата позиција, успеа да победи и тоа на култната пате на “Спа Франкошамп“ за ГН на Белгија.
Ова беше негова осма во низа победа сезонава во Формула 1, едноставно тој ги урива сите рекорди. Ова беше негова 45-та победа во кариерата.
Холанѓанецот уште на старот успеа да претекне два болида, а во 17 круг го мина Серхио Перез и од тогаш па се до крајот на трката доминираше на патеката.
Нема дилеми дека се знае дека и оваа сезона Макс ќе биде светски првак, по третпат по ред.
На второ место се најде Серхио Перес, исто така на Ред Бул, додека трет заврши Шарл Леклер на Ферари, без подиум останаа Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо.