Капитенот на Реал ги загуби нервите откако беше прашан за Мбапе

489

Реал загуби од големиот ривал Барселона со 3:0. Кралскиот тим имаше преку 25 удари кон голот, а пет пати ја погоди рамката од противничкиот гол, но не успеа да постигне ниту еден гол.

Најдобрата шанса ја имаше Бразилецот Винисиус Жуниор во 20. минута, но не успеа да го реализира пеналот. Ја презеде одговорноста на себе по заминувањето на Карим Бензема, но уште на стартот „падна“ на испитот.

По натпреварот, Даниел Карвахал беше запрашан за Килијан Мбапе. Французинот силно се поврзува со Реал, но капитенот накратко рече:

„Нема да зборуваме Мбапе или некој друг, туку за тие што сме тука. Ние сме Реал и зборуваме само за Реал“, отсечно одговорил капитенот, кој продолжи да го коментира мечот со Барселона.

„Напорен меч. Резултатот го дефинира успехот, но ние направивме многу добри работи. Екипата се прилагодува на новиот состав, постојат многу позитивни заклучоци. Последните два гола не смеевме да ги примими. На крајот мечот меѓу Барса и Реал секогаш ќе биде под голем интезитет“.

ПретходноЧави: Ел Класико никогаш не е пријателски меч!
СледноСтанува интересно: Ливерпул во преговори со ПСЖ, Мбапе доаѓа на „Енфилд“?