Дома Ракомет Домашно првенство Ново име во таборот на ГРК Охрид!

Ново име во таборот на ГРК Охрид!

274

Екипата на Охрид летово доживеа уште една голема трансформација на играчки и тренерски план и би требало следната сезона да биде многу сериозен ривал на сите екипи во домашното првенство, вклучувајќи ги овде и клубовите што традиционално конкурираат за шампионскиот пехар.

ГРК Охрид продолжува со градење на составот за новата сезона во која дефинитивно ќе биде во едно поинакво издание. Со поставување на Стевче Алушовски за тренер, амбициите се промени, а се чини овој клуб во последните неколку години немал ваков состав.

Најново од езерскиот тим е Горан Крстевски, кој ќе ја покрие позицијата на централен и лев бек. Тој почна во Металург, две сезони играше во Битола, по што замина во Линц Австрија и Фочани од Романија.

Охрид ова лето своите редови ги засили со Милорад Кукоски, Гоце Ојлески, Никола Стоилевски, Даниел Ѓорѓески, Бобан Ристевски, Берин Бркиќ, Теимураз Орјоникидзе и Рудолф Сафранко.

ПретходноГејџи со брутален удар го заспа Пориер (ВИДЕО)
СледноЈуниорите во битка за 15. место на ЕП „Б“ Дивизија!