Ал Хилал нуди 130 милиони евра за Осимен, Наполи бара 200 милиони!

126

Откако не успеа да дојде до Килијан Мбапе, иако нудеше севкупно 1 милијарда долари за само едно година, Ал Хилал тргнува по Виктор Осимен и тоа официјално.

Наводно газдите на клубот од С. Арабија лично му се јавиле на Аурелио Де Лаурентис, првиот човек на Наполи, и му понудиле 130 милиони евра за отштета на Нигериецот.

На ова Де Лаурентис имал негативен одговор и побарал цели 200 милиони евра.

Инаку ова лето за најдобриот фудбалер на Наполи и еден од најдобрите напаѓачи во Европа, заинтересирани беа и Манчестер Јунајтед, Челзи, ПСЖ, Ливерпул.

Да потсетиме дека Ал Хилал прво го сакаше Меси и му нудеше 600 милиони евра за една сезона, потоа трансферна цел беше Мбапе со понуда од 700 милиони евра за една година, и кога и со двајцата не успеа, сега на ред е Осимен. Сепак и до него тешко ќе дојде.

ПретходноВерстапен како да е од некоја друга планета…триумф и во Белгија!
СледноСтружани со победнички мисли отпатуваа за Подгорица! (ВИДЕО)