Амар Хот, младинскиот репрезентативец на Македонија е ново име во редовите на КК Пелистер, ова го потврдија и од таборот на кошаркарскиот клуб од Битола. Хот досега настапуваше за Феникс 2010 и секако дека ќе биде одлично засилување за тимот на стратегот Марјан Илиевски.
Минатата сезона во дресот на Феникс 2010, Хот имаше просек од 9,1 поени, а одигра и одлично на последниот младински шампионат во дресот на нашата репрезентација.