Барса го декласираше Реал, Анчелоти: Ова никогаш не ми се случило (ВИДЕО)

2355

Во пријателскиот натпревар одигран синоќа во Далас, Барселона го победи Реал Мадрид со високи 3-0.

Каталонскиот гигант поведе во 14. минута со голот на Усман Дембеле, во 84. минута Фермин Лопез зголеми на 2:0, додека конечнте 3:0 ги постави Торес во 90. минута. Најубавата шанса Реал ја имаше во 20. минута, кога Винисиус Жуниор промаши пенал.

Фудбалерите на мадридскиот клуб упатија дури 28 удари кон голот на Марк-Андре Тер Штеген, од кои пет пати топката ги погоди стативите или гредата, вклучително и пенал.

„Направивме многу добри работи. Играта беше интересна, добро притискавме, се движевме и имавме можности. Негативното е што во првото полувреме бевме лоши во прекините, додека преофанзивната игра не чинеше два гола. Поразот боли, но ги потенцирам добрите работи. Тимот одигра добро еден час.

Чудно е што топката дури пет пати ја погоди рамката од голот, мислам дека тоа никогаш не ми се случило во кариерата. Изгледаше како да има ѕид пред голот на Барса“, изјави Анчелоти.

ФОТО: Барселона/Твитер

ПретходноДинамо и Ристовски со сигурна победа кај Истра
СледноЧави: Ел Класико никогаш не е пријателски меч!