Екипата на Динамо Загреб добро ја почна новата сезона. По триумфот во Супер купот над Хајдук и освоениот трофеј, стигна шокот од истиот противник на Максимир во првото коло од ХНЛ шампионатот, па рехабилитацијата против Астана во квалификациите за Лигата на Шампионите и победата од 3:0. Вчера „Модрите“ ја добија Истра на гостински терен со 0:3, по што нештата дефинитивно дојдоа на свое место.
Нашиот репрезентативен капитен, Стефан Ристовски е незаменлив на десната бековска позиција, вистински лидер на екипата, а тоа попупарните Бед Блу Бојс, навивачите на Динамо и тоа како знаат да го ценат.
Го сметаат за еден од главните играчи, а по вчерашната изведба против Истра, дефинитивно го прогласија за следен капитен на екипата. Ристовски тоа го заслужи со пожртвуваноста, посветеноста и начинот на кој што се однесува кон дресот на Динамо.
View this post on Instagram