Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане го напушта Баерн и заминува во Саудиска Арабија.
Се споменуваа неколку клубови, но очигледно најконкретен беше Ал Наср, кој со својата понуда привлече најголемо внимание кај Мане.
„Чекаме проверка на документацијата од страната на играчот, потоа ќе бидат закажани лекарските прегледи. Работата наскоро ќе биде завршена“, напиша специјалистот за трансфери Фабрицио Романо.
Наводно, Баварците ќе добијат 37 милиони евра обештетување. Мане ќе му се приклучи на Ал Наср за кого настапуваат Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ, како и Фофана, која неодамна потпиша договор со овој тим.
Мане натпреварот на Баерн во Токио го следеше од трибините, а фудбалерите на Баерн веќе се збогуваат со него.
Со оглед на тоа што Баерн се уште го нема потврдено трансферот, Кимих не беше целосно директен, но рече дека „секако дека забележав дека денеска го нема и дека не играше. Да, очигледно е, нешто се подготвува“.
„Мислам дека одигра многу добра прва половина од минатата сезона и имаше добра статистика. Не е само тој виновен што работите не функционираа во вториот дел од сезоната“, објасни Кимих и додаде:
Можам да замислам дека нема да му биде лесно нов јазик, култура и луѓе. Кога ќе излезеш како врвна ѕвезда, мора да слушаш многу критики, некои со право, се разбира, некои погрешно“.