Моќта на Премиерлигашките клубови, кога станува збор за финансиите најдобро е претставена преку примерот на Кристал Палас. Овој клуб, успеа да го доведе во своите редови, еден од најдобрите млади фудбалери во Бразил, досегашниот член на тимот на Фламенго, Матеус Франса.
Напаѓачот чини цели 20 милиони евра, а во бонус приходите стои дека на Фламенго му следуваат и пет милиони ерва доколку во еден момент од кариерата Франса ја освои Златната топка. Секако, во договорот стои и клаузула која вели дека Фламенго ќедобие и 20% од следниот трансфер на фудбалерот.
Ова момче на само 17 години дебитираше за првиот тим на Фламенго, а како ја губеше минутажата изминатиот период стана јасно дека го подготвуваат за трансфер и не сакаат да му се случи некаква повреда.