Легендарниот напаѓач на Уругвај Луис Суарез оваа сезона ќе ја заврши во бразилски Гремио, но нема да го исполни договорот до крај, туку ќе ја прекине соработката или ќе биде продаден.
Причината е што му е претешка лигата, како што самиот изјави.
„Со оглед на мојата состојба, мислам дека нема да издржам следната сезона бидејќи бразилското првенство е многу напорно. Затоа разговарав со клупските челници и дојдовме да ја прекинеме соработката во декември оваа година“, изјави Луис Суарез и додаде:
„Не знам дали ќе играм некаде бидејќи имам хронични проблеми со коленото. Ќе ги замолам и навивачите на Греми за разбирање бидејќи имам болки во коленото, сакам да бидат трпеливи“, рече тој.
Суарез се поврзуваше со Интер Мајами, но судејќи по оваа изјава, се чини дека Уругваецот е се поблиску до крајот на кариерата.