Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18. години го заврши Европскиот шампионат Б дивизија на 16. место. Денеска нашите млади кошаркари во разигрувањето за пласман загубија од Украина со конечни 90:74, и на тој начин одседнаа на шеснаесеттата позиција.
Париравме само во првата четвртина, иако не блескавме ни во почетните десет минути, на крајот имавме поен предност (24:23).
Но, за жал, тоа беше се од нашиот јуниорски тим во псоледниот натпревар на првенството во Матошинос кое го завршуваме со пласман на 16. место.
Особено добра игра Украинците прикажаа во вторито период, во кој направиај предност од 14.поени 926:12), која ја задежаа до крајто на натпреварот.
Потполнмо изедначено се играше во второто полувреме, но доволно Украина да биде една позиција повисоко во однос на Македонија на овој шампионат.
На простувањњето со првенството во Португалија, Величковски реализираше 17.поени, Стојковиќ забележа двоен ефект, изразен со 14.поени и 12.скока, додека Трајанов беше стрелец на 13.поени.