Меџит Незири: Знаеме дека нема да биде лесно во Подгорица, но Струга ТЛ има намера да оди во следната фаза!

120

Во вторник во Подгорица и тоа од 21 часот, се игра реванш средбата од 2.квалификациско коло во ЛК меѓу Будуќност и Струга ТЛ. Познато е дека на првиот меч во Охрид, нашиот тим победи со 1:0, одигра квалитетно, имаше неколку шанси и можеше и требаше уште на СРЦ “Билјанини Извори“ да го реши патникот за третата кваликациска рунда во Лигата на Конференции.

Меџит Незири, како и секогаш и во Охрид беше еден од најборбените, од него се очекува исто така добра партија во дресот на Струга ТЛ и на ревашот во Црна Гора.

Имаме добар резултат, иако можеше според шансите да биде уште подобар. Навистина одигравме квалитетен меч, но верувајте дека во Подгорица ќе биде нешто друго од страна на нашиот ривал. Будуќност ќе игра дома, пред своите фанови, имаат амбиции. Ќе бркаат резултат, но ние сме оптимисти. Знаеме дека нема да биде лесно за нас, но Струга ТЛ има намера и тоа како да оди во следната фаза во ова натпреварување. Треба да се даде максимумот и да се одигра како што треба“ изјави за „Спортспорт“ Меџит Незири.

ПретходноИвановски: Одиграв неверојатен турнир
СледноШкендија со пет гола во мрежата на Арсими