Српски професионалец станува селектор на нашата репрезентација, кој заедно со новите тренери ќе ги подобрува настапите на играчите
Со одлука на УО, а на предлог на Стручна комисија, за втор селектор на пинг понг репрезентацијата на Македонија се назначува Милош Миленковиќ од Србија кој бил тренер на српската репрезентација, а моментално настапува како играч во српската Супер лига. Заедно со првиот селектор Сашко Богатинов, тој и Миленковиќ ќе работат на ефикасни подготовки и подобри претставувања на репрезентативците на меѓународните натпревари и првенства.
се засилува и тимот на тренери
Досега со репрезентативците и потенцијалните наши претставници на меѓународните натпреварувања работеа Зоран Јованоски и Димитрије Жогоски. Со цел зголемување на капацитет покрај Јованоски и Жогоски со младите пинг понгари ќе работат Амелија Николов, Мартин Стаменковски, Ѓоко Јочкоски и Филип Младеноски.
За репрезентацијата на Македонија е важно назначувањето на високо квалитетен селектор, како што е Миленковиќ, но и тренерскиот тим кој ја вклучува и Амелија Николов, веќе докажана пинг понгарка со многу искуство позади себе.