Потпишани првите странци: Српско-хрватски тандем во МЗТ Скопје!

246

Потпишани се првите две интернационални засилувања за МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона.

Станува збор за Хрватот роден во БиХ, Марко Баковиќ (30 год, 203 см), кој најчесто игра на позицијата „четири“ и талентираниот српски центар, Душан Танасковиќ (22 год, 208 см). Двајцата се добро познати на стручњаците од овие простори, имаат искуство со настап во јадранските натпреварувања и од нив се очекува да бидат вистински бедем под кошевите.

Баковиќ одигра 22 натпревари за Цибона во минатиот шампионат во АБА, меѓу кои и првиот од двата меѓусебни дуели против македонскиот првак, а во Скопје доаѓа по 13 средби во дресот на шпанскиот второлигаш Леида.

Танасковиќ, пак, потекнува од младинската школа на Партизан, по што настапувал за српските прволигаши Младост Земун и Дунав, додека минатата сезона беше дел од АБА2-лигашот Борац Бања Лука, во чиј дрес имаше просек од 14,2 поени и 6,1 скок.

Српски-хрватскиот тандем со ова им се приклучи на браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ и Марин Петков, за кои веќе објавивме дека ќе го носат плаво-белиот дрес во следната сезона и тоа предводени од тренерот Васко Атанасов.

ПретходноПочна чистката во Шкендија: Отказ за целото раководство на тетовскиот клуб!!!
СледноРобев: Имаме шанси да бидеме „пата-пата“ со сите