Почна чистката во Шкендија: Отказ за целото раководство на тетовскиот клуб!!!

2867

 

Очекуван потег на “Еколог“, на спонзорот на Шкендија, по се она што се случуваше во последните две недели во клубот од Тетово. Едноставно почна чистката во Шкендија.Имено врачен им бил отказ на целото раководство на Шкендија, на целата управа. На претседалот Замир Дика, како и на директорите Скендер Јонузи, Ибрахим Османи и Харун Иса. Се очекува ова само да се официјализира.

Инаку по онаа историска бламажа во Европа, по катастрофалниот настап и елиминација, се бараше од страна на фановите а и од медиумите меѓу кои бевме и ние, од газдата на клубот Лазим Дестани да направи чистка.

Еве чистката почна. А до каде ќе оди, останува да се види.

Инаку на вчерашниот тренинг не присуствувал никој од директорите, нешто што е невообичаено за Шкендија.Тоа ги изненади и самите играчи.

Инаку како што и завчера најавивме, и дел од странските играчи ќе добијат откази.

ПретходноЛуис Суарез се подготвува за ново поглавје во кариерата: Навивачите мора да бидат трпеливи
СледноПотпишани првите странци: Српско-хрватски тандем во МЗТ Скопје!