Станува интересно: Ливерпул во преговори со ПСЖ, Мбапе доаѓа на „Енфилд“?

339

Сите знаат дека ПСЖ сака да се ослободи од Килијан Мбапе, а многумина се убедени дека од сезоната 2024/25 тој ќе стане нов играч на Реал Мадрид.

Ал Хилал неодамна понуди дури 300 милиони евра за овој одличен фудбалер, но тој не сака да замине во Саудиска Арабија. Мбапе не тренира со ПСЖ, но големо прашање е каде всушност ќе игра следната сезона.

Неофицијално, францускиот фудбалер следната сезона да ја помине на позајмица во Ливерпул. Премиер-лигашот е подготвен да му плато одредена сума на пари на ПСЖ за да Мбапе следната сезона ќе игра со нив на позајмица.

Мајката на Килијан Мбапе наводно е голем навивач на Ливерпул, а самиот фудбалер секогаш со голема почит зборувал за овој клуб.

Сето тоа го поттикна Клоп да се обиде да го доведе на едногодишна позајмица, но прашање е дали тоа ќе се случи.

ПСЖ не сака да го загуби Мбапе без да заработи пари од неговата продажба, сепак постои голема можност тоа да се случи.

Сега им се отвори многу добра шанса да го позајмат овој играч на Ливерпул, но јасно е дека за возврат ќе бараат големи пари од тимот од Англија.

ПретходноКапитенот на Реал ги загуби нервите откако беше прашан за Мбапе
СледноЛуис Суарез се подготвува за ново поглавје во кариерата: Навивачите мора да бидат трпеливи