Стружани со победнички мисли отпатуваа за Подгорица! (ВИДЕО)

193

Експедицијата на Струга ТЛ попладнево отпатува во Подгорица каде во вторник ќе му гостува на Будуќност. Ова е реванш средба од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Се разбира дека мислите се победнички, Струга ТЛ на првиот меч во Охрид успеа да триумфира со 1:0, а сега се сака да се стави печат на пласманот во 3.квалификациско коло во ова натпреварување.

Се очекува стружани во Подгорица да стигнат во вечерните часови. Утре во 21 часот ги чека одработување на тренингот на стадионот во Подгорица каде во вторник се игра мечот, а нешто пред тренинго е закажан е и пресот на стратегот Шпетим Дуро.

ПретходноАл Хилал нуди 130 милиони евра за Осимен, Наполи бара 200 милиони!
СледноБББ велат: Ристовски е новиот капитен на Динамо Загреб