Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, смета дека потпишувањето на Андре Онана, новиот голман на тимот, ќе му помогне да промени некои елементи од играта. Летово „Црвените ѓаволи“ го доведоа и Мејсон Маунт и се многу блиску до финализирање на трансферот на Расмус Хојлунд . Менаџерот на Јунајтед зборуваше за својата прва сезона во клубот, иднината на тимот и семејството Глејзер сопствениците на Манчестер Јунајтед.
„Секогаш има изненадувања, некои позитивни, некои негативни. Како менаџер треба да се справите со овие работи. Минатата сезона докажавме дека можеме да победиме секого и не се плашиме од никого. Но, освен тоа, стана очигледно дека не можеме постојано да го правиме тоа. Ова е чекор што треба да го направиме“, коментира Тен Хаг па додава.
„Градиме проект. Сакаме да освојуваме трофеи, затоа мораме да инвестираме во начинот на кој играме, мораме да инвестираме во тимот. Нашата концентрација не е на еден конкретен играч“ – вели Холанѓанецот па прокоментира и околу Онана односно досегашниот голман на Јунајтед Давид Де Геа.
„Тој е одличен голман и со различен стил од Де Геа. Затоа сакавме да го привлечеме. Со него нешто во нашата игра ќе се смени“ – заврши Тен Хаг.