Веќе со недели се пишува дека во текот на овој летен преоден рок Хари Кејн ќе направи трансфер од Тотенхем во Баерн Минхен. “Баварците“ веќе испратија офоцијално две понуди, и и двете беа одбиени од страна на клубот од Лондон.
Ново е тоа што, барем според пишувањето на медиумите од Островот, дека во текот на утрешниот ден ќе има состанок меѓу челниците на двата клуба и ако се биде како што треба, репрезентативецот на Англија веднаш ќе стави потпис на договорот со “баварците“.
Покрај Баерн Минхен за Кејн беа заинтересирани и Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но Баерн Минхен е најупорен и веројатно тоа ќе му се исплати.