Неславно, да не кажеме кошмарно деби на Висар Муслиу во дресот на Падерборн на еден офцијален меч. Имено нашиот дефанзивец на гостувањето кај Гројтер Фурт, во меч од 1.коло во втората Бундеслига, уште во 8.минута доби црвен картон и тоа поради остар старт. Интересно, Муслиу прво доби жолт картон, по по интеревенцијата на ВАР, македонскиот репрезентативец доби црвен и мораше предвреме да го напушти теренот.
Да кажеме дека и за репрезентацијата, Муслиу на последниоот свој меч доби црвен картон и тоа дома со Украина во таа 73.минута.
Висар Муслиу во овој летен предоден рок направи трансфер од Инголштад во Падерборн.