Шкендија со пет гола во мрежата на Арсими

775

Во екот на турбуленциите кои се случуваат во тимот на Шкендија, а на тема промени во раководните структури, а можеби и играчкиот кадар што се однесува до странците, екипата се подготвува за претстојниот ПМФЛ шампионат кој стартува следниот викенд.

Денеска Шкендија на Гратскиот стадион во Тетово го совлада второлигашот Арсими од Чегране со високи и убедливи 5:0.

Стрелци на головите беа Максимов и Елези на два пати, а гол серијата ја заврши Красниќи.

 

ПретходноМеџит Незири: Знаеме дека нема да биде лесно во Подгорица, но Струга ТЛ има намера да оди во следната фаза!
СледноЧелзи има нов стопер, пристигнува Аксел Дисаси