Јуниорите во битка за 15. место на ЕП „Б“ Дивизија!

104

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години ќе се бори за 15. место на Европското првенство „Б“ Дивизија. Избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ го запишаа петтиот пораз на шампионатот, беа совладани од Естонија со 90-99.

На последниот ден од шампионатот во Матошинос, Македонија ќе игра против селекцијата на Украина, која загуби од БиХ. Овој меч кој одлучува кој ќе го освои 15. место во вкупниот поредок, стартува од 16.30 часот.

ПретходноНово име во таборот на ГРК Охрид!
СледноЗа првпат во историјата: Фудбалерка играше со хиџаб на СП!