Откако не успеа да дојде до Килијан Мбапе, иако нудеше севкупно 1 милијарда долари за само едно година, Ал Хилал тргнува по Виктор Осимен и тоа официјално.
Наводно газдите на клубот од С. Арабија лично му се јавиле на Аурелио Де Лаурентис, првиот човек на Наполи, и му понудиле 130 милиони евра за отштета на Нигериецот.
На ова Де Лаурентис имал негативен одговор и побарал цели 200 милиони евра.
Инаку ова лето за најдобриот фудбалер на Наполи и еден од најдобрите напаѓачи во Европа, заинтересирани беа и Манчестер Јунајтед, Челзи, ПСЖ, Ливерпул.
Да потсетиме дека Ал Хилал прво го сакаше Меси и му нудеше 600 милиони евра за една сезона, потоа трансферна цел беше Мбапе со понуда од 700 милиони евра за една година, и кога и со двајцата не успеа, сега на ред е Осимен. Сепак и до него тешко ќе дојде.