Македонскиот интернационалец Андреј Лазаров, предмалку го постигна својот гол првенец за тимот на Рудеш.
Во рамките од новото коло на ХНЛ шампионатот, Лазаров за својот Рудеш погоди во 24. минута и го доведе домашниот тим во водство од 1:0 против екипата на Осијек.
Доколку овој гол на Лазаров биде победнички за Рудеш, истиот ќе ги донесе првите бодови за овој тим сезонава во домашниот шампионат на Хрватска.