Хари Кејн утре потпишува за Баерн Минхен!

211

Веќе со недели се пишува дека во текот на овој летен преоден рок Хари Кејн ќе направи трансфер од Тотенхем во Баерн Минхен. “Баварците“ веќе испратија офоцијално две понуди, и и двете беа одбиени од страна на клубот од Лондон.

Ново е тоа што, барем според пишувањето на медиумите од Островот, дека во текот на утрешниот ден ќе има состанок меѓу челниците на двата клуба и ако се биде како што треба, репрезентативецот на Англија веднаш ќе стави потпис на договорот со “баварците“.

Покрај Баерн Минхен за Кејн беа заинтересирани и Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но Баерн Минхен е најупорен и веројатно тоа ќе му се исплати.

ПретходноКрај на мистеријата: Антонела откри кого имитираше Меси при необичната прослава
СледноЕдна од најголемите ѕвезди на Баерн отворено зборуваше за Мане