Чави: Ел Класико никогаш не е пријателски меч!

303

Барселона го победи својот најголем ривал Реал Мадрид со 3:0 во пријателскиот натпревар одигран синоќа во Далас. Головите за Каталонците ги постигнаа Усман Дембеле, Фермин Лопез и Феран Торес. Винисиус Жуниор промаши пенал за Реал, чии играчи вкупно пет пати ја погодија гредата.

„Играта беше изедначена. Резултатот залажува, исходот можеше да биде поинаков. Не значи дека одигравме одличен натпревар. Се случуваше се, од периоди кога требаше да бидеме трпеливи до периоди кога имавме посед. Не одигравме добро или лошо, но задоволни сме со резултатот. Ел Класико никогаш не е пријателски меч“, изјави тренерот на Каталонците, Чави Хернандез.

Стрелец на водечкиот гол на Барселона беше Дембеле, кој се поврзува со трансфер во ПСЖ иако неговиот договор со каталонскиот клуб е до летото 2024 година.

“Го кажав тоа многу пати. Тој може да биде најдобар во светот на својата позиција. Имам доверба во него, како и тој во мене”, изјави Чави за францускиот крилен напаѓач.

Тој ги коментираше и гласините за трансферот на Дембеле во парискиот клуб:

“Не можеме да го контролираме пазарот. Има клаузули, одлуката е на него. Ќе видиме, никогаш не се знае во преодниот рок. Мислам дека Усман е среќен во Барселона. Да има некакви проблеми, би ни кажал. Тој е тука за сега“.

ПретходноБарса го декласираше Реал, Анчелоти: Ова никогаш не ми се случило (ВИДЕО)
СледноКапитенот на Реал ги загуби нервите откако беше прашан за Мбапе