Челзи има нов стопер, пристигнува Аксел Дисаси

129

Досегашиот стопер на тимот на Монако, 25. годишниот Аксел Дисаси доаѓа во Челзи. Двата тима се договорија репрезентативецот на Франција да пристигне на Стемфорд Бриџ за сума од 50 милиони долари.

Дисаси ја почна својата кариера во тимот на Париз, а потоа премина во Ремс каде што одигра стотина мечеви што за првиот што за вторито тим.
Следуваше трансферот во Монако, каде што ја дозтигна формата и капацитетот на сериозен дефанзивец за највисоко ниво, па трансферот во Челзи доаѓа како награда за сето тоа.

За репрезентацијата на Франција има настапено четири пати, а интересно во младинските категории настапи неколку пати и за репрезентацијата на своите предци, НДР Конго.

 

 

ПретходноШкендија со пет гола во мрежата на Арсими
СледноПинг понг репрезетацијата на Македонија има селектор од Србија