Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години ќе се бори за 15. место на Европското првенство „Б“ Дивизија. Избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ го запишаа петтиот пораз на шампионатот, беа совладани од Естонија со 90-99.
На последниот ден од шампионатот во Матошинос, Македонија ќе игра против селекцијата на Украина, која загуби од БиХ. Овој меч кој одлучува кој ќе го освои 15. место во вкупниот поредок, стартува од 16.30 часот.