Тимот на Манчестер Јунајтед објави дека клубот потпишал нов договор со германскиот спортски Бренд Адидас кој што е заштитен знак на клвуот од почетокот на сезоната 2015/16. Новиот договор е за период од 10 години до 2035 година. Според англиските медиуми, клубот од него ќе добива 90 милиони фунти годишно или вкупно 900 милиони за целиот период. Ова е секако најскапиот ваков договор во историјата на Премиер лигата . Претходниот договор, кој беше склучен во летото 2014 година, на Манчестер Јунајтед му носеше 75 милиони фунти годишно.
„Адидас“ ја обезбедуваше и опремата на „Црвените ѓаволи“ во периодот 1980-1992 година.
„Односот помеѓу Манчестер Јунајтед и Адидас е еден од најиконските во светскиот спорт. Темелите беа поставени во осумдесеттие години на минатиот век, а во текот на изминатата деценија нашето партнерство повторно се возобнови со некои од најиновативните дизајни и технологии во спортската облека“, рече извршниот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд.