Никола Миротиќ ја прифатил понудата на Армани Милано, објавија италијанските медиуми. Тој „начелно“ се согласи со условите што ги понудил миланскиот гигант, „за помалку од 60 отсто од сумата од 3,8 милиони што ја понуди Партизан, а тој ја одби“.
Оваа вест може да означи крај на трансфер сагата во која поранешниот ас на НБА беше поврзуван со голем број тимови. Иако изгледаше дека е најблиску до Партизан, тој ја одби понудата. Црно-белите изјавија дека постигнале договор со неодамнешниот предводник на Барса, но дека и покрај тоа што договорот бил неколкупати потврден, тој трансфер пропаднал.
Со доаѓањето на Миротиќ, избраниците на Еторе Месина дополнително ќе се засилат и ќе влезат во најтесниот круг на фаворити за освојување на титулата европски првак.