Експедицијата на Динамо Загреб попладнево отпатува за Астана, познато е дека в среда се игра реваншот со тимот од Казахстан, Астана, во рамките на 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.
Авионот со “модрите“ леташе над Србија и Бугарија, за да потоа изчезне речиси еден час од радарот на платформите преку кои можат да се следат летовите на патничките авионо.
Но нема причина за грижа, ова е стандардна процедура во последно време кога се лета над Црното море ако се знае дека во тек е агресијата на Русија врз Украина и војната која трае повеќе од 1,5 година.
Авионот на Динамо повторно се појави на радарот над Грузија.