Баерн сега тргнува по Боно

132

Тимот на Баерн Минхен дефинитивно ќе има нов голман следната сезона. Откако Јан Зомер си замина, сега треба да се донесе негова замена.

Се шпекулираше со неколку имиња, деновиве најблиску до Минхен беше чуварот на Брентфорд, Давид Раја, и тој беше е фаворит на управата на Баерн. Сепак, високата цена на Шпанецот (40 милиони фунти) засега го кочи трансферот.

Баерн во изминатите неколку дена имаше конкретни разговори со Раја, неговиот агент и Брентфорд, при што клубот понуди да го земе голманот на позајмица со опција за купување. Сепак, оваа опција беше отфрлена од самиот фудбалер. Сепак, германскиот шампион не се откажува дефинитивно од Раја, но стартува преговори и со Севиља, за да го откупи и Јасин Боно.

Мароканецот ќе се согласи и на позајмица, Севиља веројатно нема да се согласи на тоа, но тешко дека тој ќе чини колку и Раја. Тоа пак му одговара на Баерн.

 

ПретходноОфицијално: Фиорентина на местото на Јувентус во Конференциската лига
СледноМанчестер Јунајтед го потпишува најскапиот договор во историјата на Премиер лигата, клубот ќе добие 900 милиони фунти