Братското дерби во Унгарија за помалиот: Дориан стрелаше за Дебрецин!

196

На стартот на сезоната во елитната лига на Унгарија, распоредот сакаше силите да го одмерат тимовите на браќата Бабунски, Дориан и Давид, Дебрецин и Мезоковесд. Победа извојува на вечерашниот меч тимот на помалиот Бабунски, и тоа со 3:1 а Дориан во судиското продолжение со гол стави точка на овој меч.

Сепак треба да кажеме дека браќата Бабунски не се сретнаа на теренот. Дориан влезе во игра во 78.минута кај победничкиот тим, а Давид кој играше за поразениот состав и беше стартер, излезе од игра во 75.минута.

ПретходноОдработен тренингот во Подгорица: Шампионот е спремен за надигрување, ќе оди на победа! (ФОТО)
СледноШокантни сцени во Вашингтон: Кинески тенисер колабираше! (ВИДЕО)