Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар продолжува со засилувањата за новата сезона. На својата официјална страница потврди дека е договорена е најновата аквизија.
Се работи за американскиот кошаркар Џејлин Инграм кој минатата сезона ја помина во колеџ тимот на Џорџија.
Пред него во клубот дојдоа Монтре Гипсон, Ерик Пауел, Габриел Коскоски и Крис Остен. Во тимот остануваат Војче Лефкоски, Тома Стојаноски и Максим Митевски.