Денеска е ден на одлука за Мбапе: ПСЖ очекува ниска и навредлива понуда од Реал

381

ПСЖ му постави ултиматум на Килијан Мбапе на почетокот на јули, кој вели дека без добра сума нема да може да го напушти клубот. Денеска на полноќ истекува датумот до кој Мбапе треба да донесе одлука.

Веќе подолго време се пишува дека францускиот напаѓач, стрелец на 212 и асистент на 98 гола на 260 натпревари за ПСЖ, веќе се договорил со Реал Мадрид и дека понудата на шпанскиот клуб само се чека да се реализира трансферот.

Во Париз стравуваат дека Реал ќе реагира со понуда, но не доволно висока за квалитетот на 24-годишниот напаѓач.

Претходно се пишуваше и дека сопствениците на ПСЖ се лути што Мбапе одбива да го продолжи договорот, а француски извори пишуваат дека најверојатно тоа го прави затоа што сака да го извлече максимумот од постоечкиот договор со ПСЖ, а потоа како слободен агентот да се обиде да го извлече секое евро од договорот со новиот клуб.

Сега се пишува дека понудата што ја очекуваат од Реал ќе биде „ниска и навредлива“.

Интерес за Мбапе покажаа и Ливерпул и Челзи. На ПСЖ му истекува времето да заработи од Мбапе за пари што пореално би можеле да ја ограничат неговата вредност, па клубот е принуден да го продаде за што и да понуди некој. Во спротивно догодина ќе останат без пари за него.

ПретходноКога помислија дека се е изгубено, на сцена се појави неверојатниот Бензема (ВИДЕО)
СледноМиротиќ прифати помала понуда од таа на Партизан