Еден и единствен: Роналдо со нов гол за Ал Наср, урна и еден интересен рекорд! (ВИДЕО)

876

Нов натпревар за Ал Наср и нов гол за Кристијано Роналдо. Вечерва на гостувањето кај Монастир во рамките на Арапскиот Куп, Кристијано Роналдо постигна еден гол, оној за 1:2 во 74.минута. Инаку крајниот резултат беше 1:4.

Роналдо постигнува гол во својата 22 сезона од играчката кариера, а ова му беше 145 гол со глава со што го урна рекордот на Герд Милер со 144 голови. Следуваа Карлос Сантиљана со 125 и славниот Пеле со 124 голови постигнати со глава.

Еве, затоа Кристијано Роналдо е еден и единствен.

ПретходноОфицијално: Ливерпул има нов капитен! (ФОТО)
СледноШпетим Дуро: Струга ТЛ има позитива, очекувам добар настап на својот тим и вечерва!