Има откупна клаузула од 400 милиони евра, но Чави му посочи дека може да си оди

526

Сержињо Дест е еден од фудбалерите за кои тренерот на Барселона Чави Хернандез нема планови оваа сезона.

Американскиот бек се врати од позајмицата од Милан, но во Каталонија му рекоа дека не се смета на неговите услуги.

Чави го известил дефанзивецот дека нема многу да се потпира на неговите услуги во новата сезона, но Американецот инсистирал да му докаже дека може да заработи место во тимот.

Откако го виде на дело на американската турнеја, не се предомисли. Американецот не го импресионираше тренерот. Моментално Дест има откупна клаузула вредна 400 милиони евра, но јасно е дека ќе си замине за многу помалку пари.

Неговата вредност според Трансфермаркт е само 10 милиони евра и не треба да замине за сума драстично повисока од тоа.

Тој во Барселона пристигна во 2020 година за 21 милион евра од Ајакс, потпиша договор со важност до 2025 година.

ПретходноГРК Охрид и официјално го промовираше Крстевски (ФОТО)
СледноМЗТ Скопје потпиша двајца Американци