Навистина Дени Илиев нема среќа, се чини нема таков малер каков е што е нашиот репрезентативниот голман. Имено лоши вести доаѓаат од Финска, од тимот на Хелсинки.
Илиев заработил тешка повреда, ќе мора на операција и според неговите зборови завршила за него сезоната во тамошниот шампионат.
Еве што објави Илиев на социјалните мрежи…
„Апсолутно сум изнервиран да кажам дека го повредив лактот на нашиот последен натпревар на гостински терен. За жал, ќе морам да одам на операција за да ги поправам оштетените тетива и лигаментите. Оваа повреда ќе ме натера да ги пропуштам сите наши натпревари до крајот на сезоната. Ќе притискам да се вратам посилен по уште еден тежок момент во кариерата“.