Манчестер Јунајтед го потпишува најскапиот договор во историјата на Премиер лигата, клубот ќе добие 900 милиони фунти

108

Тимот на Манчестер Јунајтед објави дека клубот потпишал нов договор со германскиот спортски Бренд Адидас кој што е заштитен знак на клвуот од почетокот на сезоната 2015/16. Новиот договор е за период од 10 години до 2035 година. Според англиските медиуми, клубот од него ќе добива 90 милиони фунти годишно или вкупно 900 милиони за целиот период. Ова е секако најскапиот ваков договор во историјата на Премиер лигата . Претходниот договор, кој беше склучен во летото 2014 година, на Манчестер Јунајтед му носеше 75 милиони фунти годишно.

„Адидас“ ја обезбедуваше и опремата на „Црвените ѓаволи“ во периодот 1980-1992 година.

„Односот помеѓу Манчестер Јунајтед и Адидас е еден од најиконските во светскиот спорт. Темелите беа поставени во осумдесеттие години на минатиот век, а во текот на изминатата деценија нашето партнерство повторно се возобнови со некои од најиновативните дизајни и технологии во спортската облека“, рече извршниот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд.

ПретходноБаерн сега тргнува по Боно
СледноМладен Милинковиќ – Будуќност: Струга ТЛ има квалитет, на првиот меч неколку нејзини играчи одиграа на врвно ниво!